24фудбал

Кантона го истрола Нејмар за новиот имиџ (ФОТО)

Бразилецот на Мундијалот во Русија е со нов имиџ, но сето тоа му донесе потсмев на сопствена сметка од страна на останатите.

СП 2018

Ерик Кантона, легендарниот француски фудбалер, екс член на Манчестер јунајтед е познат по тоа што во своите реакции настапува без влакна на јазикот, а негова жртва овој пат беше Нејмар.

Репрезентативецот на Бразил на Светското првенство во Русија настапува со нов имиџ, а сите се прашуваат од каде му дојде идејата да настапи со ваква фризура.

Кантона не се двоумеше и не се штедеше во својата реакција, веднаш распали по Кариоката и го истрола на нему својствен начин, ни помалку, ни повеќе, туку со шпагети на својата глава...