24фудбал

Роналдо сигурно нема да биде среќен, уште еден играч станува поплатен од него, и тоа се работи за голман!

Кристијано Роналдо мака мачи да го убеди Флорентино Перез да му ја зголеми платата, а сигурно нема да му се допадне кога ќе слушне дека и Давид де Хеа во иднина ќе има поголема плата од него

Шпанија

ЦР7 доби ветување за поголема плата уште по триумфот над Јувентус во финалето од Лигата на шампионите кое се одигра во јуни 2017. Но Флорентино Перез никогаш не ги реализираше најавите, па ЦР7 минатиот месец по последниот свиреж во финалето во Киев најави заминување од Сантијаго Бернабеу.

Двете страни се уште се во преговори, но никако да пронајдат заеднички јазик. И додека тој и Флорентино Перез се натегаат за примањата, на ЦР7 сигурно нема да му се допаднат вестите дека уште еден играч ќе има поголема плата од неговата, и тоа се работи за голман.

Според пишувањата на Марка, Давид де Хеа си подал рака со Манчестер јунајтед за продолжување на соработката. Шпанецот ќе добие нов пет годишен договор според кој ќе заработува 21 милион евра по сезона.

Со ваков договор, Давид де Хеа ќе биде најплатениот голман во историјата на фудбалот.