24фудбал

Јувентус во постојан контакт со Икарди

Аргентинскиот напаѓач е цел број еден на италијанскиот шампион, во Италија известуваат дека тимот од Торино е во постојан контакт со него.

Италија

Калчомеркато пренесува дека италијанскиот првак Јувентус е во постојан контакт со ѕвездата на Интер и доста бараниот напаѓач на европскиот пазар, Мауро Икарди во последните неколку недели.

Икарди стана еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните неколку сезони, а го привлече вниманието на неколку европски гиганти, а се чини најсериозен во намерата да дојде до неговиот потпис остана Јувентус.

Претходно наведениот медиум додава дека интересот на Јувентус за Аргентинецот е засилен како никогаш досега, а додека тој е на одмор, Старата Дама не запира со преговорите со него, а воедно и Ванда Нара, неговата сопруга и агент.

Тимот од Торино во Икарди гледа главна цел за овој летен преоден рок, а за Гонзало Игуаин, неофицијалните информации велат дека е на излезна врата од клубот ова лето.