24фудбал

Нова победа на Русија, домаќинот ќе игра во осминафинале! (ВИДЕО)

Во вториот натпревар Русија ја забележа и втората победа, овој пат настрада Египет, домаќините триумфираа со 3-1 и ќе играат во осминафиналето од Светското првенство.

СП 2018

Русија игра одлично на почетокот од Светското првенство, домаќинот изгледа и помоќно отколку што се очекуваше. На два натпревари постигна дури шест гола, а прими само еден.

Првото полувреме беше рамноправно и двете екипи имаа свои периоди, но немаше голови во првите 45 минути.

Со почетокот на вториот дел падна првиот гол, во 47. минута Фати си постигна несреќен автогол за водство на Русија од 1-0.

Во 59. минута Черишев реализира за водство од 1-0, негов трет гол на Светското првенство.

Само три минути подоцна веќе беше 3-0, а стрелец беше Џуба кој убаво ја прими топката и ја пласира во десниот долен агол.

Египет се врати колку толку во игра во 73. минута со гол од пенал на Мохамед Салах. Тие продолжија да напаѓаат до крајот на мечот, но не успеаја да направат ништо повеќе освен тој почесен гол.

Иако теоретски се уште не е во осминафиналето, Русија сигурно ќе биде таму, бидејќи е невозможно Саудиска Арабија да слави убедливи победи над Уругвај и Египет и да дојде до подобра гол разлика од домаќинот.

Египет со овој триумф најверојатно ќе ги спакува куферите, потврда за тоа ќе добие утре ако Уругвај ја оправда улогата на фаворит против Саудиска Арабија и дојде до очекуваната победа.