Категорија: Англија 19.06.2018 21:58
Одличниот германски голман и довчерашен чувар на мрежата од голот на Баер Леверкузен, 26 годишниот Бернд Лено е нов член на англиски Арсенал.
Германецот пристигна во тимот од Лондон кој за него издвои 22 милиони евра, а тој истакна дека вечно ќе му биде благодарен на бундеслигашот за првотимскиот статус кој му го укажа уште на 19 годишна возраст.
„Вечно ќе сум благодарен на Баер Леверкузен, тоа е клуб кој ми даде првотимски статус на 19 години“ рече Лено кој е второ засилување за Топчиите за летниот преоден рок по Стефан Лихтштајнер од Јувентус.