24фудбал

Атлетико ќе и плати на Барса 20 милиони евра поради тоа што Гризман остана?!

Медиумите од Шпанија пишуваат дека Атлетико ќе треба да и искешира 20 милиони евра на Барселона откако Антоан Гризман стави потпис на нов договор, како компензација за тоа што Французинот се предомислил

Шпанија

Напаѓачот со месеци се поврзуваше со преселба на Камп Ноу, се говореше дека тој веќе си подал рака со „Каталонците“ кои требаше да ја активираат неговата откупна клаузула, која по 1. јули ќе изнесуваше 100 милиони евра.

Сепак, Антоан Гризман се предомисли, реши да продолжи со Атлетико и оваа недела стави потпис на нов богат договор.

Но според директорот на ОК Диарио, сагата околу Французинот не е завршена. Во шоуто „Ел Чирингито“, Едуардо Инда откри дека Атлетико на Барса сега треба да и искешира 20 милиони евра како компензација поради тоа што Антоан Гризман го прекршил пред-договорот со „Каталонците“. 

Тој вели дека еден од условите кои напаѓачот ги поставил за продолжување на верноста е Атлетико да го подмири долгот кој тој го има кон клубот од Камп Ноу. 

Сепак, каталонскиот весник Мундо Депортиво, повикувајќи се на свои извори од Барселона, вели дека нема вистина во ваквите стории, односно дека шампионот на Шпанија немал никаков пред-договор со Антоан Гризман, па затоа и нема потреба Атлетико да плати пенали во износ од 20 милиони евра.