24фудбал

Вардар со пресврт до победа против Домжале

Втора победа за избраниците на Бобан Бабунски на подготовките во Словенија, по триумфот од 4-1 над Шампион Целје, денеска падна и Домжале.

Македонија

Вардар денеска го одигра вториот контролен меч на подготовките во Словенија каде за противник го имаше тамошниот прволигаш Домжале во чии редови настапува Агим Ибраими.

Мечот кој се играше на терен на словенечкиот прволигаш заврши со победа на македонскиот вицепрвак со резултат 1-1, а први во водство дојдоа фудбалерите на Домжале токму преку нашиот Ибраими кој искористи кикс на бекот Тошевски откако овој имаше лош пас во опасната зона близу казнениот простор на црвено црните.

Израмнувачкиот гол дојде преку Исени во 29. минута откако вардаровиот офанзивец погоди со глава по нафрлената топка од страна на Мицевски.

Во второто полувреме Марковиќ погоди за победа од 2-1 откако умешно се снајде при еден обид од работ на казнениот простор на противникот. Ќе додадеме дека српскиот интернационалец денес полни 24 години, па роденденот го одбележа на најубав можен начин донесувајќи му победа на неговиот тим.

Македонскиот вицепрвак настапи во следниот почетен состав: Гачевски, Тошевски, Попов, Битанг, Мицевски, Јуфо, Антовски, Попзлатанов, Тодоровски, Исени и Цветановски.

Шанса од клупата во второто полувреме добија Алексовски, Колевски, Талески, Новак, Илиќ, Серафинов, Марковиќ, Реџепи, Бериша и Брдаровски.

Како за потсетување, денес црвено-црните го добија Пјуник од Ерменија како за противник во првото квалификациско коло од Лига Европа, а двомечот се игра на 12 односно 19 јули, реваншот е предвиден да се игра во Скопје.

 

Фото-вест: FK Vardar (Facebook)