24фудбал

Емре Џан дебело наплати за тоа што потпиша со Јуве како слободен играч

Емре Џан и официјално е нов фудбалер на Јувентус, Германецот денеска ги помина редовните лекарски прегледи и стави потпис на четири годишен договор со „Старата Дама“

Италија

Со месеци се говореше дека Емре Џан ќе го засили шампионот на Италија откако фудбалерот не пронајде заеднички јазик со Ливерпул за продолжување на соработката.

Најавениот трансфер конечно се реализираше денеска, Германецот утрово пристигна во Торино, ги помина редовните лекарски прегледи и попладнево стави потпис на четири годишен договор.

Тоа што во Јувентус пристигнува како слободен агент, Емре Џан дебело наплати. „Старата Дама“ соопшти дека во следните две години ќе треба да исплати вкупно 16 милиони евра на име на бонуси.