24фудбал

Модриќ им го кажа на Аргентинците она што го знае цел свет: Меси е извонреден но не може сè сам!

Лука Модриќ застана во одбрана на Лео Меси и истакна дека 10-та на Аргентина не може сè сам и за успех на „Гаучосите“ треба да помогнат и другите

СП 2018

И вечерва сите очи беа вперени во Лео Меси, а фудбалерот на Барселона одново не можеше ништо да стори за Аргентина да избегне пораз со кој сега е на прагот на елиминација.

Помеѓу фудбалските фанови има големи дебати за тоа зошто Меси е толку добар со Барселона, но многу ретко блеска во дресот на „Гаучосите“. Сепак, многу јасно е дека овој тим на Аргентина не е на нивото на Лео.

По крајот на мечот, Лука Модриќ го посочи токму ова и истакна: „Лео Меси е извонреден, но не може сè сам. Во фудбалот потребна ви е помош. Без разлика што тој е голем, навистна голем играч, потребна му е помош, не може сам да носи победи“.