24фудбал

Елмас доби нов тренер во Фенербахче, Коку седна на жешкото столче

Македонскиот репрезентативец за тренер го доби поранешниот фудбалер и легенда на каталонскиот гигант Барселона, се уште не е познато дали ќе отиде на позајмица ова лето, или ќе добие поголема шанса за докажување.

Македонија

Фенербахче го постави довчерашниот тренер на ПСВ, Филип Коку за нов шеф на стручниот штаб, а екс фудбалерот и легенда на Барселона потпиша тригодишен договор со гигантот од Истанбул откако клубот ја прекина соработката со Ајкут Кочаман.

Импресиониран сум од шансата која ја добив, клубот има големи планови во блиска иднина“ рече Коку во неговата прва изјава откако и официјално го презеде кормилото на Фенербахче.

Фенербахче во изминатата сезона заврши на второто место во турската Суперлига, најпрво ќе мора да ги помине успешно квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони, за да избори пласман.

Притисокот врз Кочаман беше огромен во текот на изминатата сезона, особено по елиминацијата од Вардар во баражот од квалификациите за Лига Европа.

Со ова, нашиот репрезентативец и голема надеж на македонскиот фудбал, Елиф Елмас доби нов тренер во својот клуб, па останува отворено прашањето, барем засега, какви ќе бидат плановите на Коку за Македонецот, ако се земе во предвид дека тој не доби голема прилика за докажување во полусезоната каде имаше дозвола за настапи.