24фудбал

Џака и Шаќири донесоа победа за Швајцарија над Србија (ВИДЕО)

Швајцарците стигнаа до победа од огромно значење за нив ако се земе во предвид како стојат работите на табелата и нивниот противник во последното коло.

СП 2018

Србија прва дојде до водство на мечот против Швајцарија во второто, претпоследно коло од групата „Е“ од Светското првенство во Русија, но, на крајот загуби со 1-2.

Митровиќ уште во 5. минута ги доведе во водство Србите откако беше прецизен во ударот со глава по одличниот центаршут на Тадиќ.

Швајцарците трпеливо ја градеа својата игра и ја плетеа мрежата пред голот на Србија, по само седум минути игра во второто полувреме Џака со еден фантастичен гол донесе израмнување за Швајцарија и најави возбудлива завршница од средбата.

Конечните 1-2 ги постави Шаќири кој одигра одличен меч и беше постојана закана кон голот на Србија, а офанзивецот на Швајцарија победата на својата селекција ја донесе со гол во завршницата.



Во последното коло Швајцарија ќе игра против Костарика која веќе е елиминирана по двата порази, а Србија ќе ги одмери силите против Бразил кој е еден од главните фаворити за светската титула.

Вака стојат работите на табелата во оваа конкуренција: Бразил 4, Швајцарија 4, Србија 3, Костарика 0.