24фудбал

Србија поднесе жалба до ФИФА: Зошто воведоа ВАР систем?

Фудбалската федерација на Србија поднесе жалба до ФИФА за контроверзната арбитража на германскиот судија Феликс Брих.

СП 2018

Србија е бесна по поразот од Швајцарија а прстот го вперува во судијата Брих за кој смета дека не досудил чист пенал врз Александар Митровиќ во 66. минута, а не го консултираше ниту ВАР.

„По многу разговори, поднесовме официјална жалба и протест на адреса на ФИФА. Никогаш не сум барал оправдување, сме изгубиле многу натпревари и ќе губиме и во иднина... но воведен е ВАР систем. Да доживееме две слични ситуации на два натпревари. И против Костарика не беше консултиран ВАР, овој пат против Швајцарија уште поскандалозно. Господинот досуди контра фаул. Зошто го воведоа тој ВАР? Имаат можност по пет, десет пати да ја погледнат снимката. И овие на терен грешеа, но кога ќе слушнат од ВАР собата, веднаш мора да корегираат“, вели потпретседателот на Фудбалската федерација на Србија, Саво Милошевиќ.

„Многу е тешко, испаѓа дека само тој еден детал одлучи, но можевме и после тоа да поведеме со 2-1. Сега зборуваме за лошите десет минути во финишот, а никој не зборува дека ги растуривме Швајцарците во 70 минути игра со константно тенденциозно судење. Првиот наш картон - жолт картон, а потоа и вториот и третиот...“.