24фудбал

BET-IBC совети за обложување: Германија нема право на грешка против Шведска

Актуелниот шампион Германија може да доживее срамна елиминација доколку загуби од Шведска, па избраниците на Јоаким Лев вечерва немаат право на грешка

Останато

Бидете број 1 во обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.

Германија – Шведска: Победа на домаќините

„Панцирите“ се наоѓаат во незавидна ситуација откако беа изненадени на премиерата во Русија, Мексико им го зеде скалпот. Германија сега ризикува да биде елиминирана уште во групната фаза доколку вечерва во Сочи загуби од Шведска. На избраниците на Јоаким Лев не им одговара ниту реми, бидејќи нема да одлучуваат сами за сопствената иднина во последнто коло. Селекторот на Германија најави дека ќе има промени во составот за овој меч но не навлезе во детали. Марио Гомез би можел да добие шанса во форот, а во стартниот состав  би можеле да се најдат и играчи како Марко Ројс и Јулијан Бранд. Матс Хумелс се мачи со повреда на вратот, па доколку не биде подготвен, Антонио Рудигер треба да се појави во одбраната. Експедицијата на Шведска изминативе денови беше погодена од стомачен вируз, и неколку фудбалери беа изолирани и тренираа сами. Во составот на Андерсен се очекува барем една измена, во тимот треба да се врати фудбалерот на Манчестер јунајтед, Виктор Линделоф. Германија на 11 мечеви против Шведска нема пораз, а последните две пресметки донесоа дури 16 погодоци. Во рамките на квалификациите за СП 2014, мечот во Берлин заврши 4-4 додека пак реваншот во Гетеборг заврши со резултат 3-5. Тешко дека фудбалските љубители ќе видат ваква голеада сега, но околностите налагаат Германија да нападне од првата минута и тоа би требало да донесе возбудлив меч во кој на крајот „Панцирите“ ќе стигнат до три бода.

Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги.

Белгија – Тунис: Победа на домаќините

„Црвените Ѓаволи“ практично можат да го потврдат пласманот во осминафинале уште денеска доколку слават над Тунис со оглед на тоа дека аусајдерот во групата, Панама се среќава со Англија и тешко може да нправи сензација и да слави над „Трите Лава“. Белгија во Русија пристигна како фаворит од сенка, многумина очекуваат многу од Еден Азар, Кевин Де Брујне и другите ѕвезди. Тие можеби не блескаа во првите 45 минути против Панама, но затоа во второто полувреме покажаа дека имаа голем квалитет во своите редови и сто три кола забалежаа три бода. Роберто Мартинез се очекува да не прави измени во составот со оглед на тоа дека Компани и Вермален остануваат повредени, па Бојата треба да продолжи покрај Алдервирелд и Вертонген во одбраната составена од тројца играчи. Што се однесува до репрезентацијата на Тунис, тимот на Малул храбро се бореше против Англија, беше на прагот до голем бод, но потклекна во судиското надополнување кога Хари Кејн по еден корнер донесе победа од 2-1. За овој натпревар тие ќе треба да играат без првиот голман Хасен, кој го повреди рамото. Пресметката во Москва ќе биде четврта помеѓу Белгија и Тунис, двете репрезентации имаат по една победа, и еден меч заврши нерешено. Во последниот дуел кој беше пријателски, Мертенс донесе победа за Белгија во 2014. Тунис во овој меч исто така влегува со лоша статистика, без победа на последните 12 меча од Светските првенства, додека пак Белгија нема пораз на последните 10 меча од групната фаза на Светските првенства. Јасно е дека квалитетот е на страната на „Црвените ѓаволи“ и иако Тунис против Англија покажа дека знае да одигра цврсто во одбрана, Белгија има голема креативност во своите редови за да се справи со противникот.

Јужна Кореја – Мексико: Победа на гостите

„Ел Три“ приреди големо изненадување на стартот и го фрли на колена актуелниот светски шампион Германија. Со нова три бода, Мексико ќе биде на прагот на нок-аут фазата и осминафинале. Селекторот Осорио се очекува да не прави промени во стартниот состав и покрај тоа што кампот на Мексико беше погоден од вирус непосредно пред дуелот со „Панцирите“. Јужна Кореја пак ризикува да доживее елиминација при евентуален пораз откако загуби на стартот од Шведска. Голманот Јо Хјеонву беше изненадување во стартниот тим, но се очекува да го задржи местото по добрите перформанси. Сепак, селекторот Шин би можел да направи одредени промени во офанзивата со оглед на тоа дека против Шведска не упатија ниту еден удар во рамките на голот. Мексико и Јужна Кореја до сега еднаш се имаат сретнато на Светските првенства, „Ел Три“ со 3-1 ја добија пресметката на мундијалот во 1998. Покрај тоа што против себе ќе има поквалитетен противник, Јужна Кореја ќе игра и против традицијата. Јужна Кореја нема победа на седум меча на Светските првенства и три порази во низа. Исто така, Јужна Кореја не успеа да ја сочува сопствената мрежа на 12 од последните 13 меча на мундијалите. Па со оглед на тоа каква е офанзивата на Мексико, и каква игра прикажаа избраниците на Осорио против Германија, тешко е да се верува дека Јужна Кореја ќе може денеска да се избори за поволен резултат.

Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.