24фудбал

Тиаго Силва разочаран од однесувањето на Нејмар открива: Ме навреди, не го очекував тоа од него

Еден од капитените на Бразил, Тиаго Силва открива дека добил навреди од Нејмар за време на дуелот со Костарика, потег кој не му се допаднал и го опоменал помладиот колега

СП 2018

Противниците не го штедат Нејмар на мундијалот во Русија, напаѓачот дури десет пати беше фаулиран против Швајцарија, а слично беше и на мечот со Костарика.

Фрустриран од ваквата тактика на противниците, ѕвездата на ПСЖ бесот го истурил врз своите, и го навредил Тиаго Силва, кој во знак на фер плеј им ја вратил топката на играчите на Костарика.

„Нејмар ми е како помал брат, секогаш се грижам за него, но ме разочара. Кога им вратив една топка тој ме навреди многу. Беше во право за тоа дека премногу го удираат, но таа топка немаше да ни донесе победа“ – вели Тиаго Силва, кој ја носеше капитенската лента против Костарика.

„Не очекував вакво нешто од него, не ми се допадна неговото однесување, па по крајот на мечот го опоменав“.