24фудбал

Крос презема вина за голот на Шведска и порача: Треба да имате муда за...

Тони Крос практично ја спаси Германија од елиминација на мундијалот откако во 95. минута мајсторски погоди од слободен удар и донесе важна победа од 2-1 над Шведска

СП 2018

Актуелниот светски шампион беше на работ на бездната откако Шведска секунди ја делеа од реми.

Скандинавците поведоа со голот на Тоивонен во првиот дел по грешката на Тони Крос. Марко Ројс изедначи на стартот на вториот дел, но избранците на Андерсон умешно одолеваа на нападите на Гераманија се до 95. минута, кога на сцена стапи токму Тони Крос и со мајсторски гол од слободен удар донесе победа од 2-1 со која „Панцирите“ си ги задржаа шансите за пласман во осминафинале.

„Заслуживме да победиме“ - рече Тони Крос по крајот на мечот. „Сега треба да одмориме, и да триумфираме над Кореа со многу поубедлива игра“.

„Добивме многу критики, ми се чини дека голем број на луѓе во Германија ќе беа среќни доколку вечерва бевме елиминирани, но тоа не се случи. Голот на Шведска е поради моја вина, нема сомнеж за ова. Доколку имате 400 додавања, две сигурно ќе погрешите“.

„Но треба да имате муда за да одиграте така во второто полувреме“.