24фудбал

Капата доле: Јапонците си ја исчистија соблекувалната и оставија порака (ФОТО)

Јапонците имаат култура на која сите им завидуваат, а тоа го потврдија и на Светското првенство во фудбал кое се одржува во Русија.

СП 2018

Веќе видовме како јапонските фанови чистат отпадоци од трибинскиот простор каде беа сместени на натпреварите од Мундијалот, а аплаузот сега ги собраа фудбалерите на таа репрезентација.

Јапонија вчера иако имаше водство од 0-2, на крајот го прокоцка и загуби со 3-2 од големиот фаворит Белгија во осминафиналето, па со тоа доживеа елиминација од таа фаза на турнирот.

По мечот, кој го загубија со гол во 94. минута, од јапонскиот табор си ја исчистија својата соблекувална, и напишаа „Благодариме“ на руски јазик.