24фудбал

Клоп барај си нов голман дури е време, Кариус направи нов кикс! (ВИДЕО)

„Црвените“ ги започнаа подготовките за новата сезона со стари проблеми, Лорис Кариус одново покажа несигурност на голот и направи кикс против нисколигашот Транмер

Англија

Германецот го одбележа финалето од Лигата на шампионите со два големи пропусти кои го чиниеа Ливерпул пораз од Реал Мадрид. Се чинеше дека овие киксови ја прелија чашата и „Црвените“ веднаш беа поврзани со ангажман на Алисон од Рома.

Но една ваква зделка не се случи, а како одминува времето има се помалку гласини за пристигнување на голман од светска класа на Енфилд. Исто така се шпекулира дека Лорис Кариус би можел да добие уште една шанса, но ако се суди по стартот на подготовките, Јирген Клоп што поскоро треба да донесе нов чувар на мрежата.

На денешниот пријателски меч со Транмер, Лорис Кариус имаше нов кикс и му дозволи на противникот да се врати во игра, откако Ливерпул на пауза замина со предност од 0-3.

Во 71. минута од мечот, домаќините изведоа слободен удар, топката одеше право го Кариус, кој реагираше неспретно, лошо ја одби и му овозможи на Смит да ја затресе мрежата. Самиот Германец беше свесен дека е виновен за голот и мафташе со главата во фрустрација.