24фудбал

Штрајк во ФИАТ поради трансферот на Роналдо: Ние едвај преживуваме половина месец, тој чини стотици милиони

Синдикатот на работниците од фабриката на Фиат Крајслер автомобили во Мелфи најави штрајк поради рекордниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус

Италија

ЦР7 го крена Торино на нозе откако вчера официјано беше потврден неговиот трансфер од Реал Мадрид во Јувентус за рекордни 100 милиони евра, плус уште додатни 12 милиони евра за солидарни исплати.

Но не сите се задоволни од оваа мега зделка. Работниците од фабриката на Фиат Крајсер автомобили во Мелфи најавија штрајк. Причина е тоа што Кристијано Роналдо треба да добие плата од 30 милиони евра по сезона (која практично ќе го чини Јувентус 60 милиони евра сосе даноци).

За да се заобиколат правилата на УЕФА за Финансиски фер плеј, дел од товорат ќе превземе ФИАТ или една од неговите компании Ферари, која ќе потпише спонзорски договор со Португалецот. И токму ова не им се допаѓа на работниците во ФИАТ чија плата е замрзната со години.

„Неприфатливо е работниците во FCA (Фиат Крајслер автомобили) и CNHI (Кејс Њу Холанд индустријал) да прават големи економски жртвувања, а компанијата потоа да потроши стотици милиони евра за купување на играч“ – се вели во соопштението.

„Ни кажуваат дека времињата се тешки, дека чекаме лансирање на нови модели кои никогаш не се појавија. И додека работниците и нивните семејства се повеќе и повеќе го стегаат ременот, компанијата одлучува да инвестира огромна сума на само еден човек! Дали е ова фер? Дали е нормално една личност да заработува милиони, додека пак илјадници семејства едвај преживуваат половина месец? Сите работиме за истиот газда, но овои разлики во третманот не можат и не смеат да се прифатат“.

„Работниците во ФИАТ три генерации го прават богатството на компанијата, а за возврат добиваат мизерен живот. Компанијата треба да инвестира во нови модели кои ја гарантираат иднината на илјадници луѓе, наместо една личност да ја прават побогата. Компанијата треба да ги стави интересите на работниците на првото место, а не светот на фудбалот да им биде поважен“.

„Поради овие причини, синдикатот прогласува штрајк во фабриката на Фиат Крајслер автомобили во Мелфи од 22 часот во недела 15. јули до 06 часот во вторник 17. јули“.