24фудбал

Џерард дебитираше со победа против Шкупи, Чаирчани по чудо на реваншот во Скопје (ВИДЕО)

Македонскиот претставник загуби на гостувањето кај шкотскиот гигант, шанса за изненадување ќе бара на реваншот во Скопје, со помош на публиката.

Македонија

Веројатно многумина очекуваа дека Глазгов Ренџерс ќе ја наполни мрежата од голот на нашиот претставник Шкупи во првиот меч помеѓу обете екипи во рамките на првото квалификациско коло од Лига Европа, но, за среќа тоа не се случи.

Тимот на Рамадани со пораз од 2-0 се враќа од гостувањето во Шкотска, резултат кој дава каква, таква, прилика за Чаирчани да тргнат на се или ништо на реваншот идната седмица.

Глазгов Ренџерс водечкиот гол на средбата го постигна во 23. минута преку Марфи, а потоа домаќинот тргна и на поубедливо водство, но, не успеваше во таа намера се до самиот финиш од средбата.

Таверние во завршницата од пенал донесе и водство од 2-0, резултат со кој се означи и крајот на мечот.

Шкотскиот тим имаше теренска доминација, имаше и повеќе шанси кон голот на Шкупи, вкупно 19 обиди, од кои 6 беа во рамките на голот, македонскиот тим упати 4 закани кон противничкиот гол, но ниту еден обид не беше во рамките.

Ќе издвоиме и дека вечерашниот меч беше и деби на Стивен Џерард на клупата на шкотскиот тим на официјален меч, откако претходно својата екипа ја предводеше до убедлива победа од 6-0 против Бјури на контролен меч.

Шкупи: Зендели, Бајрами (Билали 46’), Љамчевски (Шабани 61’), Типуриќ, Муарем, Адем, Вујчиќ, Броја, Нчама, Илијоски и Стојковски.

Реваншот во Скопје е предвиден да се одигра идниот вторник.