24фудбал

Првиот гол на Франција беше нерегуларен? (ФОТО)

Одлуката за пенал донесе полемика во јавноста, но, не беше само таа ситуација спорна од финалната пресметка на Мундијалот.

СП 2018

Уругвајскиот арбитар Нестор Питана за момент се најде во фокусот на вниманието на целокупната фудбалска јавност по досудениот пенал за Франција во услови кога резултатот од финалето на Мундијалот помеѓу Франција и Хрватска беше 1-1.

Пеналот дојде по играњето со рака од страна на Перишиќ во опасната зона на Коцкестите, а Питана ги прегледуваше снимките од таа ситуација со помош на ВАР технологијата, на крајот пресуди дека е пенал, а тоа донесе и поделени реакции кај јавноста.

И, не е само таа ситуација, за многумина спорен е и водечкиот гол на Французиноте, поточно автогол на Манџукиќ, а додека Гризман го изведуваше слободниот удар во обид да нафрли во казнениот простор на Хрватите, имаше и втора топка на теренот која морала прво да биде отстратена .