24фудбал

Интер ќе ги продаде Перишиќ и Кандрева за да купи играч на Фиорентина!?

Според некои италијански медиуми Интер е подготвен да ги жртува Перишиќ и Кандрева за да купи млад италијански талент.

Италија

Станува збор за Федерико Киеза од Интер кој важи за еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал, а Фиорентина за него бара околу 70-80 милиони евра.

Наполи беше одбиен од Фиорентина иако за Киеза понуди 50 милиони евра плус Марко Рог и уште еден фудбалер.

„Ла Република“ пишува дека Интер би можел да ги продаде Перишиќ и Кандрева како би дошол до пари за да го купи Киеза.

Иван Перишиќ со Хрватска стигна до финалето, тој е еден од омилените играчи на Жозе Мурињо, па нема да биде чудно ако Манчестер јунајтед испрати понуда за Хрватот.