24фудбал

Ибра конечно се огласи по загубената кладба со Бекам (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ се најде во центарот на вниманието пред дуелот помеѓу Шведска и Англија откако на социјалните мрежи му понуди интересен облог на Дејвид Бекам

СП 2018

Двете легенди најдоа начин како да бидат инволвирани на дуелот во четвртфиналето помеѓу нивните две земји, и имаа интересен облог.

Дејвид Бекам од Икеа ќе требаше да му купи на Ибрахимоќ што ќе посака за неговиот нов дом во Лос Анџелес доколку Шведска слави, додека пак Златан ќе требаше со дрес на Англија да седи во ложата на Вембли и да јаде помфрит и риба на натпревар на „Трите Лава“.

Повеќе од десет дена Златан Ибрахимовиќ молчеше, но сега конечно се огласи и потврди дека ќе го испочитува даениот збор.

„Дејвид... се обложивме... јас загубив... доаѓам на Вембли да гледам натпревар на Англија во дресот на Англија и да јадеме помфрит и риба“ – порача напаѓачот.

A post shared by BBC SPORT (@bbcsport) on