24фудбал

Нејмар даде изјава и ги разочара фановите на Реал Мадрид

Бразилската ѕвезда, Нејмар конечно се огласи околу евентуално заминување од ПСЖ за кое долго се пишува.

СП 2018

Навивачите на Реал Мадрид во Нејмар гледаа замена за Кристијано Роналдо, гласно се шпекулираше дека тој може да биде новата ѕвезда на Сантијаго Бернабеу, но тоа нема да се случи, барем не ова лето.

Нејмар одлучил да остане во ПСЖ и вели дека тоа нема да се промени во овој преоден рок.

„Ќе останам. Имам договор со ПСЖ и одлучив да бидам тука за предизвикот, за новите работи и повисоки цели“, изјави Нејмар за Фокс Спортс.

„Нема да се предомислам за тоа. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона со нови трофеи“.

„Новинарите уживаат да создаваат шпекулации, но сите знаат колку многу се грижам за ПСЖ“.