24фудбал

Дени Илиев стави потпис на нов договор со Арсенал и порача: Сакам да бидам број 1 на Емирати!

Арсенал официјално го потврди новиот договор на Дени Илиев, кој изрази задоволство што ја продолжува соработката со клубот од Северен Лондон и желба во иднина да биде број 1

Македонија

„Топчиите“ уште минатиот месец на својата официјална веб страна најавија дека ќе биде продолжена соработката со Македонецот, и денеска официјално потврдија дека Дени Илиев ставил потпис на нов договор.

Репрезентативецот на „Црвено-жолтите“, кој е дел од Арсенал од 2012, истакна дека е задоволен што добил нов договор по тешкиот период кој го имал во кариерата.

„Ова е многу голем момент за мене, го продолжив договорот со Арсенал. Дојдов како младо момче, и тоа што останувам, што добивам шанса да работам со овој прекрасен клуб и овие прекрасни луѓе ми значи многу“ – вели Дејан Илиев.

„Новиот договор ми ја враќа самодовербата, изминатите неколку години беа прилично тешки. Бев повреден три години, тоа беа тешки времиња, имав четири операции, но се вратив посилен, позрел, сега подобро го знам моето тело и ќе се обидам да се наметнам кај новиот менаџер“.

23 годишниот Македонец, кој минатата сезона одигра осум меча за тимот до 23 години на Арсенал а еднаш беше и дел од составот на првиот тим за мечот против Норич во Лига купот, изрази желба да го импресионира Унаи Емери и во иднина да биде број 1 на Емирати.

„Ова може да биде голема сезона за мене, сите почнуваат од нула. Треба да му покажеме на менаџерот што знаеме и да демонстрираме кој може да биде број 1. Ќе го дадам најдоброто од себе за да бидам број 1“.