24фудбал

Абрамович му забранил две работи на Сари

Англискиот весник „Сан“ тврди дека сопственикот на Челси, Роман Абрамович му забранил две работи на Сари кои тој често ги правеше како тренер на Наполи.

Англија

Италијанскиот стратег во Челси нема право да носи патики за време на натпревар и да пуши на стадионот, тоа му било кажано при самото доаѓање.

На презентацијата во Челси, Сари носеше елегантен костум, што значи дека веднаш почнал да ги слуша наредбите на раководството.

Можеби малку ќе му биде потешко да се одвикне од пушење, но тоа ќе го прави кога нема да има обврски со Челси.