24фудбал

Веднаш откако доби право на настап во Европа, Милан почна преговори со ѕвезда на Реал Мадрид

Милан синоќа доби убава вест, му беше тргната суспензијата за настап во Лига Европа, а тоа значи дека клубот ќе биде поатрактивен за нови засилувања.

Италија

„Скај Спорт Италија“ тврди дека Милан започнал преговори со Реал Мадрид за ангажман на Карим Безема.

Претставници на Бензема имале разговор со Џенаро Гатузо и спортскиот директор на Милан, Масимо Мирабели.

Францускиот напаѓач е подготвен да го смени клубот и покрај одличниот однос со Флорентино Перез поради кој долги години беше еден од „заштитените“ играчи во првиот тим на Реал Мадрид.

Милан е подготвен да му понуди тригодишен договор на Бензема со опција за продолжување на уште една година, со годишна плата од девет милиони евра.

Пристигнувањето на Роналдо во Јувентус дополнително ја прави Серија А атрактивна за останатите играчи, па може и тоа да има влијание на големи трансфери во иднина во италијанскиот фудбал.