24фудбал

Дали Роналдо од Кина испрати порака до Меси со последната промоција на Најк? (ФОТО)

Кристијано Роналдо е во Кина на промотивна турнеја со Најк, а неговата последна објава на социјалните мрежи предизвика внимание поради една маичка со интересна порака

Шпанија

Пред да ја започне авантурата во Јувентус и да почне да тренира со новите соиграчи, ЦР7 по одморот во Грција замина на турнеја во Кина на промоција со својот спонзор Најк. Португалецот на социјалните мрежи сподели неколку слики од настаните, а последната објава предизвика големо внимание.

Кристијано Роналдо позира во продавница во Пекинг, каде е обиколен од голем број на патики и маички од брендот на Наик. Но будното око на фановите забежаа дека во позадина, на една маичка јасно се чита „GOAT“ (термин кој навивачите на социјалните мрежи го користат за да се опише најдобриот на сите времиња).

Многумина сметаат дека ова е скриена порака до Лео Меси, лутиот ривал на Кристијано Роналдо и неговиот конкурент за приматот најдобар фудбалер на денешницата но и на сите времиња.

Аргентинецот неодамна предизвика многу врева на социјалните мрежи откако за еден магазин позираше со коза (англискиот збор за коза е goat), и се смета дена на тој начин Лео индиректно порачал дека е број 1.