24фудбал

На укажаната доверба од Коку, Елмас одговори со прекрасен гол против Феенорд (ВИДЕО)

Елиф Елмас доби нова шанса од Коку, Македонецот стартуваше на пријателскиот меч со Феенорд, а на укажаната доверба одговори со прекрасен гол од преку 20 метри

Македонија

Откако во последните неколку месеци од минатата сезона се најде во немилост кај Кочаман, Елиф Елмас ужива голема доверба кај новиот предводник Филип Коку на подготовките за новата сезона.

Македонецот беше стартер на сите три меча, а вчерва на укажата доверба одговори со прекрасен гол против Феенорд.

Елиф Елмас начека една топка на 25 метри и прецизно пласираше во аголот за 1-0 во 7. минута.