24фудбал

Далиќ: Имам само еден услов за да останам селектор на Хрватска

Хрватска направи историски успех откако играше во финалето на Светското првенство во Русија, но се уште е нејасно дали Златко Далиќ ќе остане на селекторската позиција.

СП 2018

Тој на неколку пати по крајот на Мундијалот изјави дека не е сигурен дали ќе остане селектор. Сега кажа што му е најважно за да остане на кормилото.

„Никогаш не сум ставал нешто друго пред Хрватска“, изјави Далиќ.

„Имам само еден услов, сакам да работам во мир. Сакам да работам како треба и сакам поддршка. Не сакам да работам каде немам поддршка и каде ништо не е сигурно“.