24фудбал

Палота му ветил на Клајверт дека ќе добие Мерцедес ако даде 10 гола, а ако даде 30...

„Газета дело Спорт“ открива интересен дијалог меѓу претседателот на Рома, Џејмс Палота и нивниот нов, млад напаѓач Џастин Клајверт.

Италија

Клајверт има изјавено дека негов сон е да игра за Барселона каде што играше и татко му, но Палота му рекол дека нема шанси да го продаде на овој клуб, плус му ветил интересни награди за бројот погодоци.

„Ќе ти дадам Ламбoргини ако постигнеш 30 голови. А ако дадеш 10 ќе добиеш Мерцедес, важи?“ , му се обратил Палота на Клајверт во Њујорк.

„Исто така слушнав дека си сонувал да играш за Барселона. Знаеш дека никогаш нема да те продадам на нив, така?“.