24фудбал

Најавија трансфер бомба и преселба на Икарди во Реал па по еден час сами се демантираа

Летниот трансфер период носи еден куп шпекулации, некои доаѓаат од сигурни извори, други се пуштаат од агентите за да обезбедат подобри договори за своите клиенти, а има и такви кои се креираат само да се зголеми читаноста

Шпанија

Денеска заврши преодниот рок во Англија без поголема драма, гигантите беа прилично тивки. Но во најголемиот дел од Европа трансфер пазарот продолжува до крајот на месецот и има време за да се реализира нова трансфер бомба.

Ваква зделка попладнево најави „Либертад Дигитал“, кој објави дека преставници на Реал Мадрид се во Рим за да го договорат Мауро Икарди. Малку нејасно е зошто тие би отпатувале во главниот град на Италија кога Мауро Икарди и Интер се во Милано, но добро познато е дека Аргентинецот подолго време се поврзува со „Кралевите“.

Флорентино Перез смета дека Мауро Икарди може да надополни добар дел од головите кои ги постигнуваше Кристијно Роналдо.

Но за кратко време се испостави дека нема вистина во ваквите шпекулации, а за да биде поинтересно, веста дојде од самиот „Либертад Дигитал“ кој неколку часа по нјавената трансфер бомба објави демант и пренесе дека Реал Мадрид сепак нема намера да го купи напаѓачот.