24фудбал

Тричко даде гол, навивачите со лименка пиво му ја расцепија главата на судијата (ВИДЕО)

Иван Тричковски со гол помогна АЕК Ларнака да слави на гостувањето кај Штурм на натпревар кој го одбележа голем инцидент откако помошник судијата беше погоден со лименка во глава

Лига Европа

Репрезентативецот на „црвено-жолтите“, Иван Тричковски и неговиот АЕК Ларнака се на чекор до плеј-офот од Лига Европа откако вечерва со 2-0 триумфираа на гостувањето во Грац.

Македонецот во 74. минута рутински ја затресе празната мрежа на Штурм за да го постави конечниот резултат.

Мечот ќе биде запаметен и по големиот инцидент кој се случи откако помошник судијата беше погоден со лименка пиво која полета од трибините. Настрада главата на шведскиот судија, Фредрик Кливер кој заработи голема исекотина и не можеше да продолжи да ја дели правдата.