24фудбал

Саутемптон на Ливерпул ќе му плати 20 милиони за напаѓач кој има дадено три гола за три години

Неколку часа по завршувањето на преодниот рок во Премиерлигата пристигна информација дека Саутемптон го ангажирал Дени Ингс од Ливерпул во зделка вредна околу 20 милиони фунти

Англија

Доцна вечерва беа потврдени уште неколку трансфери откако Премиерлигата на неколку клубови и овозможи дополнително време за да ги комплетираат трансферите договорени во последен момент.

Помеѓи нив е и трансферот на Дени Ингс од Ливерпул во Саутемптон. Напаѓачот се сели на Сент Мерис на позајмица но „Светците“ се обврзани следното лето да го купат за 18 милиони фунти, плус додатни 2 милиони во бонуси.

За голгетерот интерес ова лето пројавија неколку клубови но никој не сакаше да загриза посериозно откако „Црвените“ поставија висока цена. Проблем не е неговиот квалитет туку малерот кој го снајде по преселбата на Енфилд.

Имено, Дени Ингс на првиот тренинг под водство на Јирген Клоп доживеа тешка повреда на коленото, потоа следуваше нов пех и нова сериозна повреда која го ограничи на само 14 настапи во Премиерлигата и три гола за три години.

Очигледно никој не сакаше да ризикува и да плати толкава сума, но на крајот Саутемптон реши да се коцка и да му даде шанса на 26 годишниот Англичанец.