24фудбал

Мурињо проговори за ситуацијата на Погба

На прес конференцијата по повод денешниот меч против Лестер, Жозе Мурињо одговори и на прашање за Пол Погба кој се поврзуваше со трансфер во Барселона.

Англија

Барселона притискаше за ангажман на Погба, испрати и конкретна понуда која беше одбиена од Манчестер јунајтед.

Мурињо вели дека Погба е среќен на Олд Трафорд и е комплетно фокусиран на Манчестер јунајтед.

„Тој дојде во понеделникот, среќен, горд и со желба за работа“, вели Мурињо.

„Работеше неверојатно добро во понеделникот, вторникот, средата и е еден од оние со кои треба да зборувам за да видам како се чувствуваат физички и ментално“.

„Но ист разговор треба да имам и со Јанг, Фелаини и Лингард. Треба да видам како се физички и ментално бидејќи штотуку се приклучија на тимот“.