24фудбал

Двете причини поради кои Алегри го одбил Реал Мадрид

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри потврди дека можел да го наследи Зинедин Зидан на кормилото на Реал Мадрид, но го одбил предлогот на „Кралевите“ бидејќи веќе му дал збор на Андреа Ањели

Италија

Неколку дена по триумфот во Киев и третата титула во низа во Лигата на шампионите, Зинедин Зидан на големо изненадување соопшти дека заминува од Сантијаго Бернабеу. Реал Мадрид веднаш започна потрага на нов тренер, „Кралевите“ се поврзуваа со голем број на имиња а на крајот изборот падна на Хулен Лопетеги.

Макс Алегри сега потврди дека можел да го наследи Зинедин Зидан, но решил да го одбие шампионот на Европа.

„Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот, сон на секој тренер и кога ми се јавија, бев исполнет со гордост. Сепак, поради две причини ја одбив понудата. Најпрво поради огромната почит која ја имам кон Јувентус, и второ, веќе му имав дадено збор на Андреа Ањели (претседателот на „Старата Дама“). Со овие аргументи, спокојно го одбив предлогот“ – открива тренерот на Јувентус.