24фудбал

Јувентус и Реал Мадрид во битка за Милинковиќ Савиќ, Лацио постави ултиматум

Според пишувањата на Тутоспорт, Јувентус и Реал Мадрид ќе водат битка за Сергеј Милинковиќ Савиќ, но Клаудио Лотито не сака сапунса опера и бара конкретна понуда до недела

Италија

Сергеј Милинковиќ Савиќ и денеска е топ тема на трансфер шпекулациите. „Тутоспорт“ пренесе дека Реал Мадрид и Јувентус ќе се борат за потписот на Србинот. Милан е последниот клуб кој пројави интерес но „Росонерите“ немаат финансиски средства за реализирање на една ваква зделка.

Но како што стојат работите во овој момент, ниту еден клуб нема испратено конкретна понуда, и доколку некој сака да го купи Сергеј Милинковиќ Савиќ ќе мора брзо да реагира.

Како што пренесува „Република“, Клаудио Лотито не сака сапунска опера, па поставил ултиматум. Првиот човек на Лацио ги известил агентите на играчот како и сите посредници дека мора да донесат официјална понуда до недела. Доколку до крајот на викендов не пристигне конкретен предлог, Сергеј Милинковиќ Савиќ нема да биде продаден и ќе продолжи да го носи дресот на „Бјанкочелестите“.

Се верува дека Клаудио Лотито нема да прифати понуда пониска од 120 милиони евра, па сега на потег се Реал Мадрид и Јувентус.