24фудбал

Салцбург славеше и во Скопје, Шкендија продолжува во плејофот од Лига Европа (ВИДЕО)

Салцбург со гол во судиското продолжение ја победи Шкендија со 1-0, овој пат Австријците славеа во Скопје, македонскиот тим продолжува во плејофот од Лига Европа.

Лига на Шампиони

Шкендија не направи чудо, македонскиот шампион доживеа уште еден пораз од Салцбург и со вкупни 0-4 доживеа елиминација во квалификациите од Лигата на шампионите, па среќата за историски успех ќе ја бара во Лига Европа.

Вечерашниот натпревар почна со шанса за Салцбург, Дабур влезе во одлична позиција, но биеше лошо и промаши празен гол. Потоа беше мирно се до 38. минута кога Ибраими го тестираше гостинскиот голман  од слободен удар, тој го одбрани неговиот шут.

Вистинските возбудувања почнаа во второто полувреме, Алими шутираше убаво во 46. минута но за малку покрај голот на Салцбург. Потоа гостите имаа две големи шанси, но Захов искочи како победник.

Во финишот Шкендија имаше шанси преку Емини и Ибраими, но откако не реализираше, казната дојде во судиското продолжение кога Андре Рамаљо погоди за 0-1.

Шкендија продолжува во плејофот за Лига Европа каде најверојатно ќе игра против Розенборг кој во првиот меч го победи Корк Сити со 2-0 на негов терен.


Фото: ФК Шкендија