24фудбал

Шок за Манчестер Сити

Гвардиола во проблеми, шок за бранителот на трофејот во англиската Премиерлига по денешната вест за предводникот на тимот по тренингот.

Англија

Предводникот на англискиот првак Манчестер Сити, Кевин Де Брујне се здоби со повреда на коленото, го очекува пауза од фудбалските терени.

Белгиецот се здобил со повреда за време на тренингот на Сити, засега не се познати детали од истата, но од клубот сигурно не очекуваат некои добри вести, се шпекулира дека Де Брујне би можел да биде вон комбинација за настапи и до два месеци.

Сити тргна со победа од 0-2 на гостувањето кај Арсенал во првото коло од англиската Премиерлига, Пеп Гвардиола се одлучи Де Брујне да ги одигра последните 30 минути од средбата во Лондон, но, неговата повреда сега е сигурно голем проблем за шпанскиот стратег.

На сајтот на клубот само известија за повредата на Белгиецот, не открија никакви дополнителни информации, додавајќи дека истите ќе и бидат презентирани на јавноста во периодот кој претстои.