24фудбал

Почетни состави за дуелот Реал Мадрид – Атлетико Мадрид

Лопетеги и Симеоне ги отворија картите, познати се почетните состави за европскиот Суперкуп каде копјата ќе ги судрат градските ривали Реал и Атлетико.

Останато

За нешто помалку од еден час стартува пресметката помеѓу победникот од Лигата на шампионите, Реал Мадрид, и неговиот градски ривал Атлетико Мадрид, тимот кој го подигна трофејот од Лига Европа.

Веќе се познати и почетните состави за дуелот кој се игра на Ле Кок арената во Талин, Естонија, од тоа што можеме да го забележиме, Хулен Лопетеги, шефот на стручниот штаб на Кралевите се реши мечот да го почне без Лука Модриќ, кој ќе стартува од клупата за резервни фудбалери.

Од друга страна, Диего Симеоне одлучи Годин за партнер во одбраната да го има Савиќ, Гризман и Коста сосема очекувано ќе бидат ударната игла во нападот на Јорганџиите, а од првата минута ќе стартува и Лемар.


Реал Мадрид: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Крос, Бензема, Бејл, Марсело, Каземиро, Асенсио и Иско.

Атлетико Мадрид: Облак, Годин, Коке, Гризман, Њигез, Лемар, Родри, Савиќ, Коста, Хуанфран и Лукас.

Главен арбитар на мечот кој се игра со почеток од 21 часот ќе биде Полјакот Симон Марчинијак.