24фудбал

Атлетико Мадрид го освои УЕФА Суперкупот, Реал со пораз ја почна ерата без Роналдо! (ВИДЕО)

Трофејот од УЕФА Суперкупот оваа година оди во витрината на Атлетико Мадрид кој со 4-2 го победи градскиот ривал Реал Мадрид.

Останато

По 120 минутна битка во Талин, Атлетико Мадрид со 4-2 го победи Реал Мадрид и по трет пат го освои УЕФА Супер купот, претходно овој пехар го крена во 2010 и 2012.

Лопетеги немаше победничко деби на клупата на Реал Мадрид кој за прв пат од 2009 година се бореше за трофеј без Кристијано Роналдо.

Дека натпреварот ќе изобилува со голови беше најавено по само 49. секунди игра кога Диего Коста ја закова топката во мрежата на Навас за водство на Атлетико Мадрид од 1-0. Тоа беше и најбрзиот гол во историјата на УЕФА Суперкуп натпреварите.

Реал Мадрид брзо се врати во игра, по една соло акција на Бензема по десната страна и негов центаршут, Бензема постигна гол со глава за израмнување на 1-1. Со тој резултат се замина на одморот.

Во 63. минута Хуанфран играше со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата покажа пенал, а сигурен реализатор беше Серхио Рамос за комплетен пресврт и водство на Реал Мадрид од 2-1.

На десет минути пред крајот Диего Коста со својот втор гол го изедначи резултатот на 2-2 и го однесе натпреварот во продолженија.

Во 98. минута Томас асистираше до Саул Нигез кој со прекрасен волеј постигна гол за нов пресврт и враќање на водството на Атлетико Мадрид, овој пат од 3-2.

Само шест минути подоцна Атлетико Мадрид повторно се радува, овој пат Витоло асистираше до Коке кој погоди за 4-2, веќе се надзираше освојувачот на УЕФА Суперкупот.

До крајот на мечот Реал Мадрид не успеа да се врати, по последниот судиски свиреж Атлетико Мадрид заслужено се радуваше на првиот трофеј оваа сезона.