24фудбал

Гризман со провокација до Рамос ги „запали“ страстите во Мадрид (ФОТО)

Атлетико Мадрид вчера го совлада Реал Мадрид во Суперкупот на Европа, па Антоан Гризман реши да испрати провокација до Серхио Рамос на социјалните мрежи

Шпанија

Двата лути градски ривали синоќа ја имаа првата пресметка оваа сезона, во Талин се бореа за трофејот во Суперкупот на Европа. Мечот беше интересен, „Колчонероси“ поведоа веќе во првата минута, но потоа „Кралевите“ направија целосен пресврт и стигнаа до предност од 2-1. Сепак, Диего Коста го однесе натпреварот во продолженија, а таму Саул и Коке донесоа победа за Атлетико и прв трофеј во сезоната.

Па Антоан Гризман реши да испрати провокација до Серхио Рамос и на Инстаграм стори објави фотографија на која напаѓачот е крунисуван за нов крал од страна на дефанзивецот на Реал, и да испрати порака дека Мадрид добил нов владател.

Французинот беше прилично тивок вчера, но тоа не го спречи да го „пецне“ противникот, да ги „запали“ страстите во Мадрид и да крене прашина на социјалните мрежи.