24фудбал

Нејмар си поигрува со своите соиграчи на тренинзите во ПСЖ (ВИДЕО)

Бразилскиот виртуоз со фудбалската топка како на шега ги надмудрува своите соиграчи за време на тренинзите на францускиот шампион.

Франција

Нејмар тргна со еден гол против Каен во воведното коло од најсилната дивизија од францускиот фудбалски шампионат , каде бранителот на трофејот ПСЖ пред своја публика славеше со 3-0.

Бразилецот освен што е расположен за игра на терените во Лига 1, расположен е воедно и на тренинзите на својот клуб, а во следното видео кое тимот од Париз го објави на социјалните мрежи, со порака „Сопрете го ако можете“, проследете го како првата ѕвезда на тимот си поигрува со своите соиграчи...