24фудбал

Манчестер Сити ја потврди повредата на Де Брујн и откри колку ќе паузира

Манчестер Сити потврди дека Кевин Де Брујн има повреда на лигаментите на десното колeно.

Англија

Добра вест за играчот и за клубот е што тој ќе помине без операција, но и покрај тоа Манчестер Сити очекува да биде без него околу три месеци.

Де Брујн беше најдобриот играч на Манчестер Сити во минатата сезона во која ја освоија Премиерлигата.