24фудбал

Интер му одговори на Реал, а ќе го тужи и првиот човек на Ла Лига

„Нероаѕурите“ се огласија по нападите кои стигнаа од Шпанија поради обидите за ангажман на Лука Модриќ, Интер вели дека не сторил ништо погрешно и најави тужба против првиот човек на Ла Лига

Италија

Медиумите од Шпанија пренесоа дека Реал Мадрид го пријавил Интер до ФИФА, претседателот Флорентино Перез бил бесен поради тоа што „Нероаѕурите“ зад неговиот грб се договориле со Лука Модриќ.

Но од таборот на Интер сметаат дека не сториле ништо бидејќи никогаш не преговарале директно со Лука Модриќ и на тој начин не ги прекршиле правилата на ФИФА.

„Нероаѕурите“ исто така беа нападнати и од страна на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас кој обвини дека клубот од „Џузепе Меаца“ нема пари за нови играчи и користи трикови за да го ангажира Лука Модриќ.

„Интер сака да соопшти дека ќе превземе правни мерки против господинот Хавиер Тебас поради изјавите за медиумите кои ги даде денеска“ - гласеше краткото соопштение на Интер.