24фудбал

Реал Мадрид го обнови интересот за Стерлинг

Кралевите наводно нема да избрзуваат со понуда, но, од близу ќе ја следат ситуацијата со офанзивецот за кого се шпекулира дека преговорите за нов, побогат договор со шампионот на Англија пропаднале.

Шпанија

Реал Мадрид од поодамна е заинтересиран за Рахем Стерлинг, а сега сериозно ја разгледува опцијата да се засили во своите редови со  офанзивецот на шампионот на Англија, Манчестер Сити, но, европскиот првак според информациите нема да испрати понуда пред да истече преодниот рок за Шпанија во петок.

Кралевите наводно имаат планови и да го следат изданието на репрезентативецот на Гордиот Албион во дуелот против Шпанија во воведното коло од групата „4“ во Лигата на нации, меч кој е предвиден да се одигра на 8 септември на Вембли во Лондон.

Можеби олеснителна околност во преговорите за Реал Мадрид би бил фактот што актуелниот важечки договор на Стерлинг со Манчестер Сити истекува во 2020. година, а наводно шпекулациите од Островот велат дека преговорите за нов договор и продолжување на соработката помеѓу обете страни пропаднале.

Стерлинг се приклучи на Манчестер Сити во 2015. година, дојде од редовите на Ливерпул, од тогаш па наваму стана фудбалер со големо значење во тимот на Граѓаните.

Репрезентативецот на Англија нема дилеми дека сака побогат договор од овој сегашниот со кој заработува 170,000 фунти на неделна основа, а од друга страна пак Граѓаните наводно не би имале ништо против да го продадат доколку на крајот не постигнат договор за продолжување на соработката, Стерлинг вели дека е среќен во клубот, но, додаде дека добра би била и опцијата да излезе од Островот.

Среќен сум во Манчестер Сити во овој момент. Но, никој не знае што носи иднината, така да, еден ден, дефинитивно, би било убаво да се игра во странство, тоа би било одлично искуство за мене“ изјави неодамна Стерлинг.