24фудбал

Доколку го пропуштивте голот на Квајарела... (ВИДЕО)

Искусниот офанзивец и на свои 35 години знае да биде нерешлива енигма за своите противници на теренот, дури и за оние од Наполи, кои располагаат со квалитет да парираат за титулата во Серија А.

Италија

Сампдорија одигра меч за паметење против фаворитот и обезбеди убедлива победа, на мечот во Џенова искусниот напаѓач се прослави со гол на кој му претходеше голема мајсторија.

Сампдорија го испрати Наполи со три гола во неговата мрежа откако пред своја публика славеше убедлива победа против фаворитот со 3-0.

Дефрел погоди два пати во мрежата на гостинската екипа, а конечнито исход беше поставен од страна на Фабио Квајарела.

35 годишниот офанзивец ги одигра сите 90 минути од мечот во Џенова, а се прослави со овој гол кој вреди да се погледне неколку пати...