24фудбал

Инзаги за фаворитите за титулата во Серија А: Постојат две екипи предводени од одлични тренери

Шефот на стручниот штаб на Лацијалите смета дека ништо нема да се промени од ланската сезона во однос на врвот од табелата во Серија А, неговиот тим уште на стартот ги одмери силите со тие противници, и забележа два порази.

Италија

Лацио немаше среќа во распоредот на стартот од новата сезона во Серија А, па тимот од Рим тргна со пораз од Наполи пред своја публика од 1-2, а веднаш потоа гостуваше кај шампионот Јувентус каде загуби со 2-0.

Запрашан за тоа кои се неговите предвидувања за актуелната сезона во најсилниот италијански фудбалски шампионат, тренерот на Лацио, Симоне Инзаги се чини дека нема никакви дилеми во тоа, вели дека ништо нема да се промени во однос на ланската сезона, Јувентус би останал прв и еден чекор во однос на останатите конкуренти, а веднаш зад него би бил Наполи.

Веќе имавме можност да ги одмериме силите со нив, мислам дека ќе ја играат истата улога како и во ланската сезона. Тие се две екипи предводени од двајца одлични тренери во Алегри и Анчелоти“ вели Инзаги.

Тие ќе бидат протагонисти, Наполи има одличен состав, но Јувентус ќе остане чекор пред сите останати“ додаде стратегот од клупата на Лацијалите.