24фудбал

Трансферите на Родри и Кристанте подобри од оној на Роналдо (ФОТО)

Рекордниот трансфер на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус е само осми најдобар ова лето според Меѓународниот центар за спортски студии (CIES)

Останато

Трансфер бомбата ова лето ја реализираше „Старата Дама“, Јувентус за 112 милиони евра го донесе Кристијано Роналдо од Реал Мадрид. Но според студијата на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES), оваа зделка е само осма, и најдобра е онаа со која Тибо Куртоа се пресели на Сантијаго Бернабеу.

Меѓународниот центар за спортски студии ги рангира трансферите според тоа колкава сума е платена и фер цената на играчите. „Кралевите“ го донесоа голманот за 40 милиони евра кога неговата фер цена на трансфер пазарот изнесувала 62,6 милиони евра, па затоа овој трансфер е најдобра операција.

Помеѓу најдобрите три уше се наоѓаат и Родри Ернандез кој за 25 милиони евра се пресели од Виљареал во Атлетико Мадрид и Брајан Кристанте кој од Аталанта во Рома направи трансфер за 30 милиони евра. Според алгоритамот на Меѓународниот центар за спортски студии, Шпанецот имал фер цена од 46,9 милиони евра, а Италијанецот од 49,4 милиони евра.

Роналдо се наоѓа на осмата позиција бидејќи неговата фер цена се проценува на 116,5 милиони евра а Јувентус одвои 105 милиони евра за неговите услуги.