24фудбал

Тевез направи споредба помеѓу Меси и Роналдо: Лео никогаш не влегол во теретана, Кристијано е опседнат...

Карлос Тевез, кој имаше прилика да игра и покрај Лео Меси и покрај Кристијано Роналдо беше запрашан за споредба помеѓу двајцата фудбалери, напаѓачот само го потврди она што веќе сите го знаат, ЦР7 обожава да тренира.

Шпанија

Популарниот „Апаче“ денеска држеше говор пред група дечиња во Буенос Аирес и неизбежна беше вечната дебата за тоа кој е подобар, Лео Меси или Кристијано Роналдо.

Карлос Тевез е еден од ретките кои имаше прилика да соработува со двете фудбалски ѕвезди, па направи интересна споредба и само го потврди она што веќе сите добро го знаат, ЦР7 обожава да тренира.

„Кристијано е опседнат, постојано е во теретана, по крајот на тренинзите секогаш оди во теретана . Сака да биде најдобар во се, и секој ден доаѓа порано. Еднаш се запрашав, „Што треба да направам за да не го гледам момчево повеќе?“. Кога тренингот беше закажан во 9 часот наутро, дојдов во 8 а тој веќе беше таму. Дојдов во 7 и 30, и тој повторно беше дојден пред мене. Па еден ден решив да дојдам во 6 часот, но Роналдо пак беше пристигнат пред мене. Беше полу заспан, но беше дојден“ - вели Карлос Тевез.

Неговиот сонародник Лео Меси пак имам сосема поразлично однесување. „Никогаш не сум го видел Лео во теретана, ниту пак сум го видел да тренира без топка. Со него се е природно. Тренира само слободни удари, претходно не можеше да погоди, но сега само шутира во аголот“.