24фудбал

Дел Пјеро: Јувентус со Роналдо како Лејкерс со Леброн

Дел Пјеро го спореди трансферот на Роналдо со оној на НБА ѕвездата во Лос Анџелес Лејкерс, легендата на Старата Дама смета дека италијанскиот првак има квалитет да ја освои Лигата на шампионите сезонава.

Италија

Легендата на италијанскиот првак Јувентус, Алесандро Дел Пјеро верува во проектот на клубот кој според него е голем и пред сеамбициозен, тој смета дека тимот има зрелост и потенцијал да ја оствари главната цел сезонава.

Јувентус има голем и пред сеамбициозен проект, мислам дека нивната главна цел оваа сезона ќе биде остварена, а тоа е освојување на титулата во Лигата на шампионите, фасциниран сум од овој проект“ издвои Дел Пјеро.

Според него, самиот трансфер на Португалецот докажал колку клубот има амбициозен проект, во кој самиот тој верува, тој трансфер го спореди со оној на Леброн Џејмс во Лос Анџелес Лејкерс, клуб, кој цели осум години чека на титула во НБА лигата.

Клубот веќе покажа за тоа колку е амбициозен овој проект со самото доведување на Кристијано Роналдо, тоа е исто како Лејкерси со Леброн Џејмс“ додаде легендата на Старата Дама.

Јувентус во групната фаза од овосезонската Лига на шампиони се најде во конкуренцијата „Х“ во друштво на Манчестер јунајтед, Валенсија и Јанг Бојс.